Top Sport

Најлошиот тим на полу-сезоната во Премиер лигата

Порталот специјализиран за случувањата во фудбалот „Гол“ (Goal.com) го објави најлошиот тим во досегашниот дел од сезоната во Премиер лигата. Според порталот едниствениот клуб кој има двајца фудбалери во овој тим е Манчестер јунјатед.

„Гол“ го состави тимот на фудбалерите кои разочараа со своите натспи во досегашниот дел од премиерлигашката сезона. Виктор Линделоф и Хенрик Мхитаријан се двајцата од Манчестер јунајтет, а изненадува и изборот на Алексис Санчез од Арсенал.

Според порталот Чилеанецот е индиспониран што во летниот преоден рок не го напушти Лондон и игра далеку под своите можности.

Во тимот се и англискиот репрезентативен голман Џо Харт, еден од најдобрите Португалци од Европското првенство во 2016 година Ренато Санчез и скапото засилување на Челси Тимуе Бакајоко.

Вака изгледа најлошиот тим во Премиер лигата во изборот на порталот:

Голман: Џо Харт (Вест Хем)

Одбрана: Дени Роуз (Тотенхем), Ешли Вилијамс (Евертон), Виктор Линделоф (Мначестер јунајтед), Седрик Суареш (Саутемптон)

Среден ред: Тимуе Бакајоко (Челси), Џонџо Шелви (Њукасл), Ренато Санчез (Свонси)

Напад: Алексис Санчез (Арсенал), Хенрик Мхитаријан (Манчестер јунајтед), Кристијан Бентеке (Кристал Палас)

Scroll to Top