Премиер лигата на Англија денес е водечкото национално првенство во светот на фудбалот, но кога беше формирана пред 25 години, многумина ја сметале за натпреварување од втор ранг. Во тие години во светот доминираше италијанската Серија А.
Токму еден италијански весник „Ултимо уомо“, ги избра најлошите 20 секунди во историјата на фудбалот. Станува збор за дуел одигран во Премиер лигата во 1993 година.
Актери на теренот се фудбалери на Квинс Парк Ренџерс и Манчестер Сити.