Неделното британско дерби на јужниот брег на Англија, Бурнемаут-Саутемптон иако заврши со релативно безопасни 1:1, веќе ни донесе извинување од судија за недосудување на пенал, а сега и најлошо изведување на аут во историјата.
Во последните минути од мечот, бекот на Саутемптон, Рајан Бертранд успеа да изведе аут и топката да остане во аут. И самиот Бертранд ја виде смешната страна на неговиот обид, иако многумина сметаа дека се работи само за тактика на задржување на време.