Top Sport

„Најмногу време сум на клупата, морав голот да го прославам таму“

Атлетико Мадрид во рамките ба Д-групата во Лигата на шампионите синоќа одигра 2-2 со Јувентус.

„Јорганџиите“ имаа минус од два гола, а во мечот се вратија со головите на Стефан Савиќ и Хектор Ерера. Мексиканецот успеа да го совлада голманот на Јувентус во 90 минута. По мечот новинарите го прашале зошто голот го славел со соиграчите кои седеа на клупата за резерви.

„Славев на клупата бидејќи таму поминувам најголем дел од времето“, рекол Мексиканецот.

Ерера во летниот преоден рок, во слободен трансфер во Атлетико пристигна од Порто. Синоќа тој ги одигра првите 15 минути во дресот на Атлетико од почетокот на сезоната.

Scroll to Top