Манчестер јунајтед во четврото коло на ФА купот играат на гости во Биркенхед, кај третолигашот Транмир роверс, но по првите десетина минути, нема да гледаме сензационално испаѓање на „ѓаволите“.
Еден од најзаслужните за тоа е Хери Мегвајр, откако најскапиот дефанзивец на светот постигна еден апсолутно прекрасен гол за својот тим. Ова е прв гол во дресот на „ѓаволите“ на Англичанецот.
Во 12. минута, Јунајтед поведоа со 2:0 со уште еден убав гол на Диого Далот, а потоа дури и Џеси Лингард постигна гол во 15. минута за 3:0.
Harry Maguire’s screamer ? pic.twitter.com/4VlXI4mxXG
— Man Utd Channel (@ManUtdChannel) January 26, 2020