Најубавиот гол на фудбалските терени изминатиот викенд е постигнат во Црна Гора. Креатор на ремек-делото е фудбалерот на Будуќност Милош Раичковиќ.
Будуќност во дербито на колото ја победи Сутјеска со 2:0, а вториот гол го постигна Раичевиќ. Тој од речиси половина терен успеа да го префрли противничкиот голман.
Будуќност со оваа победа стекна недостижна предност над Сутјеска во борбата за шампионската титула.