Роберт Левандовски не попушта, сака да го напушти Баерн и да се пресели во Барселона. Проблем за Полјакот е што ниту неговиот клуб нема намера да го одобри трансферот. Барселона, според медиумите, досега испратиле три понуди за Левандовски, Баерн сите ги одби. Баварците се јасни, доколку го сакаат Левендовски Каталонците ќе мора да платата 50 милиони евра.
Додека трае сагата околу овој трансфер, Штефан Уерсфелд, авторот на колумната на порталот „sport.de“, жестоко ја коментираше целата конфузија со полскиот напаѓач.
„Ова е крајот. Баерн и ѕвездата веќе немаат што да си кажат. Формално, тимот од Минхен инсистира на своето. Полјакот е на одмор, во ресторан случајно го запознава Чави, кој можеби ќе му биде нов тренер во Барселона, а клубот молчи“, напиша новинарот и жестоко го коментираше однесувањето на Левандовски.
Наместо да биде легенда на Баерн, тој стана платеник. Тажен крај за Роберт Левандовски”.
Новинарот во колумната нагласува и дека Левандовски не е толку важна фигура во Баерн. Според него, головите на Полјакот ретко го менувале конечниот исход на играта.
„Головите на Левандовски ретко беа спектакуларни и одлучувачки. Неговиот проблем е што другите постигнуваа голови на големи натпревари во европските купови, головите во Бундеслигата не се толку интересни. Зад името на Левандовски ќе останат само бројки. Тоа е проклето малку. Левандовски не е еден од нас”, додаде Уерсфелд.