Top Sport

Нани ќе продолжи во Орландо сити!

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Нани е новото засилување за МЛС тимот Орландо сити со тригодишен договор. 32-годишниот Португалец, кој освои четири трофеи од Премиер лигат со Јунајтед, доаѓа како слободен агент, откако неговиот договор со Спортинг Лисабон беше поништен.

Нани дебитираше во Премиер лигата како замена за Вејн Руни на 12 август 2007 година и остана на „Олд Трафорд“ седум години со 230 настапи и 41 гол. Во 2014 тој се врати во Спортинг како позајмен фудбалер, по што играше за Фенербахче, Валенсија и Лацио пред минатиот јули да се врати во Лисабон, каде што одигра 28 натпревари и постигна осум гола за Спортинг.

Нани исто така го освои Европското првенство со Португалија во 2016 година и беше дел од тимот за Светското првенство во 2014, одигрувајќи вкупно 112 натпревари за репрезентацијата и постигнувајќи 24 гола.

Scroll to Top