Фантастичен меч одиграа Нант и Марсеј во 16. коло од француската Лига 1, за тимот на Вахид Халилхоџиќ да стигне до 3:2 победа за „придвижување“ на клубот, додека Лион доживеа неочекуван 0:2 пораз од Рен на домашен терен.
Марсеј двапати водеше на „Божоар“ со 0:1 и 1:2, меѓутоа Нант успеа прво да израмни до крајот на полувремето, за потоа во 64. минута со голот на Бразилецот Габриел Бошилија да стигне до победа.
Четвртопласираниот Лион пак, доживеа шок од Рен, кои со головите на Хатем Бен Арфа и Теосон Сибачу во првото полувреме стигнаа до импресивна победа.
ЛИГА 1, 16. КОЛО
Бордо – Сент Етјен 3:2
Каен – Ним 1:1
Дижон – Генгамп 2:1
Лион – Рен 0:2
Нант – Марсеј 3:2
Ремс – Тулуз 0:1