Нант ќе остане француски прволигаш, иако во вториот меч од баражот загуби дома со 0:1 од Тулуз, бидејќи во првиот меч на гости победи со 2:1, односно постигна повеќе голови на гости, правило кое може наскоро да стане историја во европските натпреварувања.
„Канаринците“ беа фаворити во дуелот со второлигашот, но Вакун Бајо изнендувачки донесе водство на гостите во 62. минута од мечот. И покрај притисокот да се тргне по уште еден гол, на крајот тоа беше конечниот резултат.
Од Лига 1 претходно испаднаа Ним и Дижон, додека нови прволигаши се Троа и Клермон.