Со голот на Бразилецот Лима во 93. минута од мечот, Нант стигна до минимална 1:0 победа над францускиот шампион Монако во емотивен кам-бек на тренерот Клаудио Раниери против својот поранешен тим.
Раниери стана тренер на Монако во 2012 година и помина две сезони на „Стад Луј Втори“, водејќи ги од Лига 2 во Лига 1, пред во првата сезона во елитата да ги донесе до второто место. Потоа тој замина за Лестер, за во 2016 година да ја освои титулата од Премиер лигата, пред да се врати во Нант ова лето.
Со победата, Нант остана на петтото место во Лига 1, но се доближи на само три поени од Монако.
Nantes 1-0 Monaco FT:
Claudio Ranieri’s men grab an injury-time winner ⚽️
Monaco have lost three consecutive games for the first time since 2009 ? pic.twitter.com/a6ShYnVTVm
— BT Sport Football (@btsportfootball) November 29, 2017
Лил можеби се подготвува да го отпушти тренерот Марсело Биелса, но тое не пречеше тимот да стигне до одлична 1:2 победа на гости кај фаворизираниот Лил. Во Лион се врати суспендираниот Набил Фекир, кој неславно утна пенал во 56. минута кога неговиот тим губеше со 1:2.
Марсеј со 3:0 славеше на гостувањето во Мец, за да остане на второто место на табелата со осум поени зад Пари Сен-Жермен, кои својот меч го играат од 21 часот.
ЛИГА 1, 15.КОЛО
Анжер – Рен 1:2
Генгамп – Монпелје 0:0
Лион – Лил 1:2
Мец – Марсеј 0:3
Нант – Монако 1:0
Тулуз – Ница 1:2