Top Sport

Напаѓачот на Аталанта доживеа „чудна повреда“, па му ја шиеја главата

Фудбалскиот напаѓач на калчолигашот Аталанта од Бергамо, Луис Муриел доживеал повреда на главата, па морал во болница на шиење откако удрил во подот во неговата куќа.

Муриел бил одведен во болница, но околностите на незгодата при која се повредил не се во потполност јасни. Едните информации се дека се лизнал додека се туширал, а други информации велат дека удрил на работ на базенот додека бил со пријателите.

Како и да е, Колумбиецот кој на 10 меча за својот тим постигна неверојатни 17 гола имал среќа што не се повредил посериозно. Сепак тој вечерва нема да биде во составот на својата екипа на мечот со Бреша.

„Добро сум и дома сум. За среќа ништо сериозно не се случи. Вечерва ќе бидам на стадионот да навивам за Аталанта, а утре ќе им се вратам на тренинзите со соиграчите“ напиша Муриел и се заблагодари за грижата.

Scroll to Top