Наполи објавија дека тврдењата на холандскиот фудбалер Џонатан де Гузман дека бил удиран од спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли во 2015 година се невистините и се заканија со тужба против фудбалерот од средниот ред.
Де Гузман, кој сега игра во Ајнтрахт Франкфурт, во интервју за холандскиот весник „Де Фолскрант“ изјави дека се степал со Џунтоли во 2015 година поради несогласувања околу неговата иднина и ги обвини луѓето во Наполи дека не направиле ништо за неговото здравје и покрај тоа што тој имал спортска хернија (дел од интервјуто можете да прочитате во линкот подолу).
Де Гузман тврдел дека Џунтоли го нарекол „гомно“ и го удрил по лицето, но Наполи инсистираат дека 31-годишниот фудбалер не ја зборува вистината.
„Наполи сака да посочи дека верзијата на приказната на Де Гузман е целосно невистинита. Клубот ги задржува правата да го заштити својот имиџ и ќе го реши проблемот преку легалниот тим“, се вели во соопштението на Наполи.
Де Гузман: Директорот на Наполи ме удираше, сакаа да ми ја уништат кариерата