Top Sport

Наполи демантира: Не сме заинтересирани за Кукуреља

Минатиот месец италијанските медиуми шпекулираа дека Наполи е сериозно заинтересиран за играчот на Хетафе Марко Кукуреља. Левиот бек е продукт на школата на Барселона, меѓутоа на „Ноу Камп“ не доби шанса да ги покаже своите квалитети. Една сезона играше на позајмица во Еибар, а сезонава го носи дресот на Хетафе.

Кукуреља игра одлично во Хетафе, еден од најдобрите играчи во тимот на тренерот Пепе Бордалас.

Левиот бек се поврзуваше со трансфер во Наполи, меѓутоа тоа нема да се случи. Клубот од Неапол објави чудно соопштение во кое демантира дека кај нив постои интерес за Кукуреља.

„Поради неточните информации со кои се поврзува нашиот клуб мораме да се огласиме во јавноста. Се пишува дека сакаме да го донесеме Кукуреља од Хетафе, но тоа не е точно. Нашиот претседтел Аурелио Де Лаурентис наводно на три дена му се јавувал на претседателот на Хетафе. Тоа е лага. Де Лаурентис воопшт не знае кој е претседател на Хетафе“, порачале од Наполи.

Scroll to Top