Top Sport

Наполи едвај спаси поен против Рома (видео)

Стефан Ел Шарави со ран гол ѝ донесе на Рома водство од 1:0 на гостувањето кај Наполи, но „волчицата“ не успеа да издржи и во 90-тата минута од натпреварот не го сопре Дрис Мертенс да израмни во дербито на 10. коло на Серија А

Ел Шарави не можеше да промаши од неколку метри по „карамбол“ пред шестнаесетникот на „партенопеи“ во 14. минута за Рома да биде многу блиску до петтата победа оваа сезона.

Тимот на Карло Анчелоти не се предаде до крајот на „Сан Паоло“, и преку Мертенс во 90-тата минута по една речиси комична ситуација дојде до израмнување. Поенот е мала утеха за Наполи, кои остануваат на второто место на табелата со 22 поени, шест помалку од лидерот Јувентус. Рома се на осмото место со 15 поени.

Фото: ЕПА

Scroll to Top