Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис дал „зелено светло“ за почеток на преговорите со десниот бек на Тотенхем, Киеран Трипиер, тврди „Ла газета дело спорт“.
Според италијанскиот весник, англискиот репрезентативец веќе ја изразил желбата да се приклучи на клубот од Неапол, и Де Лаурентис е подготвен да даде 30 милиони евра за неговиот трансфер.
28-годишниот фудбалер кој е продукт на школата на Манчестер сити, има 16 настапи за англиската репрезентација, а следниот викенд ќе игра финале на Лига на шампионите, и затоа ќе мора да се почека дотогаш.
Покрај Трипиер, „партенопеи“ биле заинтересирани и за Тимоти Кастањ од тимот на Аталанта, додава „Газета“.