Наполи продолжи со променливата форма на победи и порази, откако во „јужњачкото“ дерби со 2:0 стигна до победа над Беневенто.
Дрис Метенс се врати во тимот на Џенаро Гатузо со гол во 34. минута, пред Матео Политано да стави точка на натпреварот во 66. минута од мечот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас овојпат влезе во 82. минута од мечот, кога победникот веќе беше одлучен, откако Калиду Кулибали доби втор жолт картон.
Наполи сега се шести на табелата со 43 поени, колку што има и седмопласираниот Лацио и поен зад петтопласираната Рома, која вечерва игра со Милан.