Top Sport

Наполи го губи здивот, драма на Емполи-Аталанта (видео)

Наполи не успеава да го „држи“ темпото со актуелните шампиони од Серија А, Јувентус, откако на домашен терен одиграа само 0:0 со тимот на Киево, дозволувајќи „старата дама“ по вчерашната победа да има осум поени предност по 13 кола.

Со поенот освоен против Киево, Наполи го врати второто место на табелата со еден поен повеќе од Интер, но толку рано во сезоната Јувентус направи огромна разлика која тешко дека ќе биде надокнадена.

Многу поинтересно и со голови беше во Емполи на дуелот со Аталанта, каде што имаше сѐ – неверојатен кам-бек промашен пенал, црвен картон и секако, гол во финишот на натпреварот.  Ремо Фројлер и Ханс Хатебер донесоа 0:2 водство за гостите од Бергамо по 40 минути игра, откако домаќините утнаа пенал преку Капуто во 39. минута.

Емполи успеа да намали на 1:2 преку Ла Гумина во 42. минута, пред да израмнат во 77. минута со автоголот на Масиело. Гостите останаа со играч помалку откако Јосип Иличиќ доби црвен картон, за во 94. минута, Матијас Силвестре да донесе три поени за домаќините.

СЕРИЈА А, 13.КОЛО

Парма – Сасуоло 2:1

Болоња – Фиорентина 0:0

Емполи – Аталанта 3:2

Наполи – Киево 0:0

ЕМПОЛИ – АТАЛАНТА 3:2

ПАРМА-САСУОЛО

Scroll to Top