Top Sport

Наполи го откачиле Реал за Фабијан Руиз

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, подготвува реконструкција во летниот преоден рок. Неколку играчи се поврзуваат со „кралскиот клуб“, наводно Давид Алаба веќе постигнал договор со Реал, додека шпанските медиуми најавуваат дека од наредната сезона белиот дрес ќе го носи и Килијан Мбапе.

Истите овие извори, тврдат дека Реал се во потрага по фудбалер од редот за врска, играч кој ќе го наследи Лука Модирќ.

Наводно желбата на перез е шпанскиот репрезентативец од Наполи, Фабијан Руиз. Наполи за овој фудбалер, во 2018 година, на Бетис им платија 30.000.000 евра.

Руиз и минатото лето се поврзуваше со неколку клубови, Наполи не се противеа на трансферот, но никој од заинтересираните не сакаше да плати 100.000.000 евра.

Јасно е дека Наполитанците повторно ќе инсистираат на оваа сума, а бидејќи нивниот претседател Аурелио Де Лурентис е познат како тврд преговарач, тогаш е јасно дека Реал немаат шанси да го обезбедат потписот на Руиз.

Scroll to Top