Top Sport

Наполи го победи Баерн во Минхен – Елмас го одигра целиот натпревар

Наполи, во пријателски меч, среде Минхен го декласира Баерн со 3:0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за екипата од Неапол.

Наполи до победата стигна во последните 20 минути од натпреварот. Нигероецот Осимен, во 70 и 71.минута постигна два гола, а точка на мечот стави Мешаш во 86.минута.

Наполи мечот го започна со најсилниот состав, недостигаше само капитенот Инсиње, додека кај Баерн ги немаше само голманот Ноер, Милер и Кимих.

За германскиот шампион во првиот дел играа Упамекано, Павар, Горецка, Гнабри, Мусиала, Коман, Сане, Левандовски.

За Наполи ова е втората победа во контролните натпревари, додека Баерн се уште нема победа во подгтовителниот период. Под водство на новиот тренер Јулијан Нагелсман, има три порази во исто толку натпревари.

Елиф Елмас полека се наметнува кај тренерот Лучано Спалети. Тој е еден од петмината играчи на Наполи кои го одиграа целиот натпревар. Покрај Елмас целиот меч го одиграа голманот Контини, Марио Руи, Кулибали и Лоботка.

Scroll to Top