Нигериецот Виктор Осимхен го договорил трансферот од Лил во Наполи. Клубот од „Сан Паоло“ за трансферот ќе издвои 60 милиони евра (50 во кеш и 10 низ бонуси) со што Нигериецот ќе стане најскапиот играч во клупската историја.
„Скај Спорт Италија“ објави дека 21 годишниот Осимхен ќе потпише договор до 2025 година и дека ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра.
Трансферот на Осимхен е петтиот најголем во историјата на Серија А, по трансферте на Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин, Матијас Де Лихт и Ромелу Лукаку.
Осимхен сезонава за Лил одиграл 38 натпревари, постигнал 18 голови и забележал шест асистенции.
Лил на местото на Осимхен ќе го донесе искусниот турски репрезентативец од Бешикташ Бурук Јилмаз.