Наполи со 0:1 го совлада Удинезе за да го прескокне Интер и да се врати на првото место во Серија А, стигнувајќи до победа во ослабен тим без Фаузи Гулам, Аркадиуш Милик и Марио Руи.
Човек на одлука беше Жоргињо, откако по притисокот на гостите, Габриеле Анџела го собори Маџо и судијата досуди пенал. Жоргињо имаше лош обид и Симоне Скуфет го одбрани, но дозволи италијанскиот репрезентативец одбиената топка да ја смести во мрежата.
Милан повторно не победи, откако во досаден меч одиграа без голови со Торино, додека Рома се мачеше во Џенова и одигра 1:1. Стефан Ел Шарави ги донесе Рома во водство во 59. минута, но во 69. минута Даниеле де Роси доби црвен картон, а Џанлука Лападула од белата точка донесе поен за тимот на Горан Пандев, кој излезе од игра во 63. минута, да направи место токму за Лападула.
СЕРИЈА А, 13. КОЛО
Милан – Торино 0:0
Џенова – Рома 1:1
Удинезе – Наполи 0:1