Top Sport

Наполи и Интер ќе се „наддаваат“ за Лукаку?

Наполи се подготвени да се борат со Интер за потписот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, тврди „Ла газета дело спорт“, додавајќи дека му понудиле на Белгиецот 10 милиони евра по сезона.

Шпекулациите велат дека Јунајтед се подготвени за продажба, а дека самиот Лукаку сака да игра во Серија А, а Интер не ја криеја својата заинтересираност, посебно бидејќи новиот тренер Антонио Конте го сакаше него додека беше тренер на Челси.

Сега, според „Газета“, Наполи се подготвени да дадат и повисока плата, поради новиот даночен закон во Италија за охрабрување на странски инвестиции, кој обезбедува 70 отсто попуст во северна Италија, а 90 отсто попуст на југот на земјата.

Единствен проблем би бил барањето на Наполи за правата за ликот на фудбалерот. Претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис бара фудбалерите да ги препишат правата за користење на ликот на клубот како дел од договорот, нешто што беше пречка за остварување на трансфери во минатото.

Scroll to Top