Top Sport

Наполи и Валенсија го договориле трансферот на Хисај

Албанскиот репрезентативец Елсеид Хисај до крајот на преодниот рок ќе го напушти Наполи. Негова следна дестинација ќе биде Валенсија.

Наполи и Валенсија ги договориле сите детали околу трансферот на Хисај. Тој на „Местаља“ ќе пристигне како позајмен играч, а Валенсија ќе може да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Валенсија експресно реагираа со ангажманот на АЛбанецот откако им се повреди десниот бек Кристијан Пичини.

Хисај, во ерата на Маурицио Сари, беше незаменлив во стартната постава, но со доаѓањето на Карло Анчелоти тој го загуби местото во тимот. Во првото коло кога Наполи гостуваа кај Фиорентина тој ги одигра последните десет минути.

Во кариерата играл за Шкодра и Емполи.

Scroll to Top