Барселона на Наполи му понудила двајца свои играчи, Жуниор Фирпо и Самуел Умтити. Понудата наполитанците експресно ја одбиле.
Наполи покажале интерес за двајцата фудбалери, но претседателот Аурелио Де Лаурентис ја одбил понудата бидејќи не можел да им понуди плати какви што имале во Барселона.
Умтити годишно заработува осум, а Фирпо пет милиони евра, што е премногу за буџетот на Наполи.
Умтити Наполи го означиле како замена за Калиду Кулибали кој се подготвува да го напушти „Сан Паоло“, но сега е јасно дека францускиот репрезентативец нема да се пресели во Неапол.