Според италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“, во Наполи се презадоволни од Џенаро Гатузо и пред крајот на годината ќе му дадат нов договор.
Сегашниот договор на Рино со Наполи завршува на крајот на сезоната, и според весникот 42-годишниот легендарен фудбалер ќе добие нов двегодишен договор со плата од 1.9 милиони евра годишно.
Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис се согласил да ја намали клаузулата од 7 милиони евра ако соработката биде прекината предвреме, и веќе го информирале агентот на Гатузо, Жорге Мендеш за понудата. Гатузо го замени Карло Анчелоти на клупата на клубот од „Сан Паоло“ во декември 2019 година.