Top Sport

Наполи лесно против „росонерите“ (видео)

Наполи го продолжи неверојатниот старт на сезоната во италијанскиот шампионат со нова импресивна победа, овојпат со 2:1 против безопасниот Милан.

Со 11. победа во 13-тиот меч оваа сезона, момците на Маурицио Сари собраа 35 поени, четири повеќе од шампионот Јувентус, кој утре гостува на расположената Сампдорија.

Во првиот меч по шокантната елиминација на Италија во баражот за СП од Шведска, Лоренцо Инсиње покажа зошто Џампјеро Вентура требаше да му верува откако избега од неуспешната офсајд-стапица на Милан, за од работ на шестнаесетникот да го совлада Џиџи Донарума во 33. минута.

Вториот гол за „партонепеи“ дојде во уште една ситуација на граница на офсајд, кога во 77. минута Дрис Мертенс додаде до Пјотр Зиелински, кој повторно го совлада немоќниот Донарума. Милан во 92. минута од мечот успеа да намали на 2:1 преку Алесио Ромањоли.

„Новиот“ Милан е само седми во лигата со 19 поени и дури шест порази во 13 меча и 16 поени зад Наполи. Притисокот кон Винченцо Монтела сигурно ќе се зголеми оваа недела, бидејќи е очигледно дека работите не функционираат.

Scroll to Top