Top Sport

Наполи не го дава Кулибали

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, успеал во намерите да го задржи во клубот дефанзивецот, Калиду Кулибали (27).

„Тутоспорт“ пишува дека Сенегалецот ја прифатил понудата да го обнови договорот, според кој би имал годишна плата од шест милиони евра. Исто така тој се согласил во новиот договор да нема клаузула за откуп. Тоа значи дека сите заинтересирани за Кулибали ќе мора да преговараат директно со Де Лаурентис, а дури потоа со Кулибали и неговиот менаџер.

Кога ќе го потпишен новиот договор, Кулибали, ќе стане најскапиот фудбалер на Наполи.

Изминатите неколку месеци, неколку големи европски тимови покажале интерес за Сенегалецот, а се шпекулира дека минатата недела Де Лаурентис одбил 95 милиони фунти од Манчестер Јунајтед.

Кулибали е играч на Наполи од 2014 година, претходно играше во Генк. За неговите услуги Наполи на белгискиот тим му платиле осум милиони евра.

Scroll to Top