Top Sport

Наполи не игра дома, а стадионот е распродаден

Фудбалскиот клуб Наполи соопшти дека стадионот „Диего Армандо Марадона“ е распродаден за вечерашниот натпревар што нивниот тим го игра во Удине.

На стадионот во Неапол ќе се организира заедничко гледање на натпреварот против Уднинезе (вечерва во 20.45 часот) преку видео бимови, а портите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот.

Избраниците на Лучано Спалети викендов против Салернитана ја пропуштија можноста и официјално да станат шампиони на Италија, но вечерва имаат нова можност, со победа над Удинезе Наполи и официјално ќе ја прослави третата титула во клупската историја.

Scroll to Top