Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис не крие дека до Интер испратил понуда од 60 милиони евра за Мауро Икарди.
Најдобриот играч и стрелец на Интер беше меѓу желбите на Де Лаурентис и во летниот преоден рок во 2016 година кога Гонзало Игуаин за рекордни 94 милиони евра се пресели во Јувентус.
Тогаш првиот човек на Наполи имал средба со сопругата на Икарди, кое е и негов менаџер, Ванда Нара.
„Имав состанок со госпоѓата Ванда во нејзината канцеларија. Беше многу љубезна. И понудив помеѓу 50 и 60 милиони евра. Исто така преговаравме и околу можниот договр. Икарди е напаѓач од всетска класа и под водство на Маурицио Сари можеше да постигнува по 40 гола во сезона. Можеше да биде како Роналдо“, рекол Де Лаурентис.
На прашањето дали повотрно ќе испрати понуда, тој кусо одговорил:„Никогаш не не вели никогаш“.
Инаку за услугите на Икарди постои огромен интерес кај најдобрите европски клубови, најсериозен кандидат за негов тренасфер споре шпекулациите е мадридски Реал.