Top Sport

Наполи се откажа од враќањето на тренинзи

Тимот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Наполи одлучи да го одложи враќањето на тренинзи по критиките кои се појавија во италијанската јавност.

Претходно, Лацио го одложија денешниот тренинг по коментарите на лидерот на синдикатот на фудбалерите Дамјано Томаси и критиките во медиумите за ставање на фудбалерите во опасност со враќање на работа.

„Наполи објавуваат дека сите спортски активности се суспендирани на неопределено време. Датумот на кој ќе се вратиме на тренинзи ќе биде одлучен по следењето на ситуацијата со КОВИД-19“, се вели во соопштението на тимот.

Scroll to Top