Во Наполи стравуваат дека им се подготвува ново „предавство“ какво што го направи Гонзало Игуаин, откако „Тутоспорт“ објави дека Јувентус ја следи ситуацијата околу договорот на Калиду Кулибали.
Игуаин си замина од Наполи во Јувентус во 2016 по рекордната сезона во клубот од Неапол, и според „Тутоспорт“ истата ситуација се повторува со Кулибали, кој уште нема потпишано продолжување на договорот.
30-годишниот Сенегалец е разочаран од тоа што му е понуден договор со намалена плата, и со само 12 месеци од неговиот актуелен договор, можно е заминување од југот на Италија. Тој помина осум сезони во Наполи, докажувајќи се како еден од најдобрите дефанзивци на светот.
Mercato #Juve, #Koulibaly in bianconero agita Napoli ? https://t.co/n7NAGfydB7
— Tuttosport (@tuttosport) May 28, 2022