Top Sport

Наполи се враќаше за важна победа над Аталанта (видео)

Аталанта не успеа да извлече позитивен резултат против Наполи, откако гостите постигнаа гол во 85. минута за супер-важна 2:1 победа во Бергамо со која се доближија на осум поени до Јувентус по понеделничкиот меч во Серија А.

Работите почнаа убаво за „партенопеи“ – Фабијан Руиз ги донесе во водство уште во втората минута во Бергамо, откако Лоренцо Инсиње му даде совршена топка по еден брз контранапад. Меѓутоа, во 56. минута, Дуван Запата ја искористи лошата реакција на одбраната на гостите, за да израмни на 1:1.

Човек на одлука за тимот на Карло Анчелоти беше Аркадиуш Милик, кој во 85. минута постигна прекрасен гол за важна победа.

Scroll to Top