Top Sport

Наполи со соопштение демантираше дека му подготвува отказ на Гатузо

Наполи со посебно соопштение сакаше да ги побие сите шпекулации дека му подготвуваат отказ на Џенаро Гатузо, посочувајќи дека претседателот Аурелио де Лаурентис ја потврдил „целосната доверба“ во тренерот.

Ова доаѓа откако повеќе италијански медиуми јавија дека Де Лаурентис се „свртел“ против Гатузо и барал отказ за тренерот и за спортскиот директор Кристијано Џунтоли со можно враќање на Рафаел Бенитез на клупата, откако Шпанецот се врати од Кина.

„Претседателот Аурелио де Лаурентис со потпретседателот Едоардо и директорот Андреа Кјавели се сретнаа со тимот и со тренерскиот тим, потврдувајќи ја целосната доверба во тренерот Рино Гатузо“, стои во објавата на италијанскиот клуб.

Наполи утревечер игра со Специја во четврт-финалето на Копа Италија.

Scroll to Top