Top Sport

Наполи со тужба против Милик, бараат милионче како обесштетување

Фудбалскиот клуб Наполи го тужи својот фудбалер Аркадијуш Милик. Во клубот се решиле на ова бидејќи Милик го „нарушил угледот на клубот“.

Милик е играч на Наполи, но не е пријавен за настап оваа сезона, откако одби минатото лето да се пресели во Рома. Се очекува тој во зимскиот преоден рок да го напушти клубот, но како сега стојат работите тоа нема да биде толку лесно.

Наполи го обвинува дека дека нелегално се користел со името на клубот и дека учествувал во тимскиот револт против клубот минатата есен.

Наполи од Милик бара обесштетување од 1.000.000 евра.

Милик е играч на Наполи од 2016 година, за клубот одиграл 122 натпревари, постигнал 48 голови. Неговиот договор со Наполи истекува јуни наредната година.

 

Scroll to Top