Top Sport

Наполи три недели без Мертенс

Најдобриот стрелец во историјата на Наполи, Дрис Мертенс, поради повреда ќе отсуствува од тимот најмалку три недели, информираа италијанските медиуми.

Мертенс се повреди во средата, на дербито со Интер. Со солзи во очите Белгиецот го напушти теренот.

„Тестовите открија повреда на зглобот на левата нога. Мертенс веќе започна со рехабилитација. За Божик ќе биде во Белгија, а на контрола ќе треба да се јави за три недели“, соопшти неговиот клуб, Наполи.

Наполи, без Мертенс, викендов ќе гостува кај Лацио.

Scroll to Top