Top Sport

Наполи во јануари тргнува по Жорди Алба

Наполи се обидуваат да го убедат Жорди Алба да замине од Барселона веќе во јануари, со што ќе го засили тимот пред борбата за титулата во Италија и во исто време ќе ги „ослободи“ Барса од уште еден непожелен ветеран по пензионирањето на Жерард Пике, тврди шпанскиот „Ел конфиденсијал“.

33-годишниот шпански бек нема голема минутажа оваа сезона по Чави Ернандез, со вкупно 648 минути во само 10 настапи во Лигата на шампиони и во Ла лига, а во исто време е еден од фудбалерите кои имаат највисока плата. Според „Ел конфиденсијал“, Барселона би се согласила да го пушти Алба без оштетување, со што Наполи бесплатно би добил квалитетно засилување.

Scroll to Top