Пари Сен Жермен во дербиот на 24 коло, во Лига 1, славеа победа над Олимпик Лион 4:2.
Головите за актуелниот првак ги постигнаа Анхел ди Марија, Килијан Мбапе, Фернандо Марсал (авто-гол) и Единсон Кавани. Двата гола за Лион ги дадоа Мартин Терие и Муса Дембеле.
Мечот на „Паркот на Принцовите“ го обележа централниот дефнзивец на Лион, Марсал, кој во 47 минута постигна еден од најубавите и најоригиналните авто-голови.
Упорноста на Јулијан Дракслер му претходеше на голот. Германецот откако прими топка од Мбапе, се обиде да одигра повретна со некој од соиграчите, на топката налета играч на Лион кој се обиде да ја исфрли топката во корнер, меѓутоа тој само му ја врати на Дракслер кој ја врати пред голот.
На топката натрча несреќниот Марсал и ефектно ја заби зад грбот на својот голман Ентони Лопез.
https://twitter.com/DT_Santi/status/1226634128327675906