Top Sport

Направил три пенали и постигнал два-авто гола во само три натпревари (Видео)

Себастијан Коатес стана вистински кошмар за својот клуб Спортинг Лисабон. 28 годишниот Уругваец ја уништува сезоната на славниот португалски клуб. На последните три средби во првенството и една во Лига Европа, Спортинг освоија еден бод и тоа на натпреварот кој го играа без Коатес.

Лошата низа Коатес ја започна против Рио Аве и поразот 2:3. Гостите три гола постигнаа од пенал, а виновникот за пеналите бил Коатес.

Во Лига Европа Спортинг имаа тешко гостување во Ајндховен. Португалеците беа поразени од ПСВ со 3:2, а Коатес во 25 минута с постигна авто-гол.

Катастрофата на Коатес и Спортинг продолжи во неделата. Фемеликао го победија Спортинг 2:1, а Уругваецот Коатес си постигна авто-гол во 88 минута.

Scroll to Top