Top Sport

Наредното лето ФИФА ќе го одреди обесштетувањето за Нејмар

Нејмар летово не успеја да ја оствари својата намера, да го напушти Пари Сен Жермен и да се врати во Барселона. Бразилецот ќе мора да остане уште една сезона со Париз, а потоа наредното лето ќе имал реална шанса да си ја исполни желбата.

Откако Пари Сен Жермен ги со своите (не)реални барања успеаја да го задржат незадоволниот Бразилец, медиумите во Каталонија денес тврдат дека Нејмар веќе ја дознал максималната цена што заинтересираните клубови ќе траба да ја издвојат за неговите услуги. Наводно станува збор за сума од 170 милиони евра.

Според овие извори адвокатите на Нејмар се консултирале со ФИФА и наредното лето ќе се повикаат на статутот кој предвидува дека играчот по три години стекнува право да го напушти клубот.

Тој член се однесува на фудбалерите кои во меѓувреме не потпишале нов договор, односно не добиле зголемување на платата. Тие фудбалери, во случајов и Нејмар, имале право со компензација да го напуштат клубот.

Според таа формула на ФИФА, во која се пресметува сумата која е платена за фудбалерот, амортизацијата и уште некои ставки, јасно е дека сумата која би го „ослободила“ Нејмар од обврските кон Пари Сен Жермен е ќе биде околу 170 милиони евра.

Иако челниците на клубот од Париз пред неколку дена бараа 300 милиони евра за Нејмар, се чини дека наредното лето ќе бидат задоволни со оваа сума.

На споменатиот член во статутот на ФИФА во минатото сакал да се повика и Александар Коларов. Станува збор за периодот кога Лацио не сакаше да му го дозволи трансферот во Манчестер сити.

Scroll to Top