Top Sport

Наскоро ќе наполни 51 година и нема намера да се повлече

Јапонецот Казујоши Миура кој минатата година стна највозрасниот фудбалер на сите времиња потпиша нов договор со својот клуб Јокохама.

Миура или „Кинг Казу“, кариерата ја започнал во далечната 1986 година во Сантос, Бразил. Овој фудбалер има настапувано и во Серија А, во дресот на Џенова. Таа сезона Миура постигна еден гол за Џенова и тоа во градското дерби со Сампдорија.

Од репрезентацијата на Јапонија се повлече во 2000 година. За „самураита“ одигра 89 натпревари и постигна 55 гола.

Првиот договор со својот актуелен клуб го потпиша на 38-годишна возраст, во 2005 година.

Во март минатата година, на возраст од 50 години и седум дена настапи за Јокохама и стана највозрасниот фудбалер во историјата.

Миура на 26 февруари ќе наполни 51 година.

Scroll to Top