Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Самир Насри го прекина договорот со Анталијаспор, по што е слободен играч, иако минатото лето потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш.
30-годишниот Французин не успеа да импресионира во Турција, додека Анталија и покрај потрошените пари во текот на преодниот рок е во зоната на испаѓање. Според турските медиуми, Насри заработувал околу 4 милиони евра годишно, а прекинот на договорот доаѓа со финансиска отштета од Анталија.
Покрај овие проблеми со формата, Насри е под истрага за допинг-прекршок од страна на УЕФА по користењето на инфузија во клиника во Лос Анџелес во декември 2016 година. За овој прекршок го очекува четиригодишна суспензија ако биде прогласен за виновен.