Top Sport

Насри ја заврши несреќната авантура во Анталија!

Поранешниот играч од средниот ред на Арсенал, Самир Насри го прекина договорот со Анталијаспор, по што е слободен играч, иако минатото лето потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш.

30-годишниот Французин не успеа да импресионира во Турција, додека Анталија и покрај потрошените пари во текот на преодниот рок е во зоната на испаѓање. Според турските медиуми, Насри заработувал околу 4 милиони евра годишно, а прекинот на договорот доаѓа со финансиска отштета од Анталија.

Покрај овие проблеми со формата, Насри е под истрага за допинг-прекршок од страна на УЕФА по користењето на инфузија во клиника во Лос Анџелес во декември 2016 година. За овој прекршок го очекува четиригодишна суспензија ако биде прогласен за виновен.

Scroll to Top