Top Sport

Настасиќ се сели на „Сан Сиро“

Повремениот репрезентативец на Србија Матија Настасиќ кариерата би можел да ја продолжи во Милан. Настасиќ е играч на Шалке, но новиот тренер на екипата од Гелзенкирхен нема да се противи доколку клубот реши да го продаде.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан се сериозно заинтересирани за Настасиќ, откако не успеаја од Фиорентина да го донесат неговиот сонародник Никола Миленковиќ.

Трансфер-инсајдерот Џанлука Ди Марцио тврди дека Милан ќе го позајмат од Шалке Настасиќ, со обврска по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор.

Преговорите помеѓу тимовите влегле во завршната фаза, останало само да го договорат обесштетувањето кое Милан ќе мора да го платат наредното лето.

Настасиќ од Манчестер сити во 2015 година се пресели во Шалке, тој има искуство од Серија, како 19 годишник има одиграно 29 натпревари за Фиорентина.

Scroll to Top