Top Sport

Настрада „ренџ роверот“ на Агуеро, фудбалерот е неповреден (фото)

Аргентинскиот фудбалер од редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро направил сообраќајка, денеска на пат кон тренинг. Тој со својот автомобил имал незгода во која за среќа поминал неповреден.

Автомобилот марка „ренџ ровер“ вреден над 150.000 евра бил сериозно оштетен, но Аргентинецот стигнал навреме и во целост го одработил планираниот тренинг, пред викенд дуелот што „граѓаните“ ќе го одиграат со Кристал Палас.

Scroll to Top