Top Sport

Натпревари од Примера ќе се играат и во Мексико?

Нуно Перес-Пла, претставникот на шпанската Ла Лига во Мексико, очекува дека натпревари од шпанското првенство наскоро ќе се играат преку Атлантикот.

Откако, на големо незадоволство на фудбалерите, беше потврдено дека натпревари во рамките на Примера, ќе се играат САД, што е дел од 15-годишното партнерство, Перес-Пла одговорил на прашањето дали може и Мексико да биде еден од домаќините?

„Потенцијалот што го има фудбалот во Америка не убеди да одиме во насока Ла Лига да се игра и надвор од Шпанија. Сигурен сум дека во наредните години ќе се размислува и за други дестинации, како на пример Мексико. Голем број на Мексиканци играат во шпанските клубови“.

„Мексико е втората најважна држава за шпанскиот фудбал“, дополнил Перес-Пла.

За потсетување, фудбалерите се незадоволни од одлуката да се игра во САД, бидејќи само за еден натпревар ќе треба да летаат преку океано. Се шпекулира дека наскоро капитените на сите 20 екипи ќе одржат состанок по кој официјално ќе објават дека не го прифаќаат предлогот.

Scroll to Top