Ријека и Осијек синоќа одиграа драматично полу-финале во Купот на Хрватска. На стадионот на Ријека „Рујевица“, гостите од Осијек имаа предност од 2:0 во 48 минута, но на крајот Ријека успеа да слави со 3:2 и да се пласира во финалето каде на 1 јуни ќе се бори за трофејот против Локомотива.
Натпреварот имал и свое „трето полувреме“. Наводно веднаш по завршувањето на мечот фудбалерите на Осијек вербално, со навреди, го нападнале судијата Игор Пајач, кој им исклучи еден играч и во 66 минута досуди сомнителен пенал за Ријека.
Потоа на паркингот пред стадионот Ерос Грезда му удрил тупаница на фудбалерот на Ријека Мирко Антонио Чолак, поради што морала да интервенира полицијата.
Грезда кој во Осијек се врати по епизодата во Глазгов Ренџерс се соочува со жестока казна доколку се докаже дека удрил противнички фудбалер.
Според членот 57 од правилникот на Дисциплинскат комисија на Фудбалскиот сојуз на Хрватска може да добие забрана за настап од шест месеци до две години. Полесна варијанта е Грезда да доби забрана за настап помеѓу два и шест натпревари.