По разочарувачката елиминација во групната фаза, Адам Навалка по пет години на селекторското место во Полска си заминува на крајот на месецот.
Навалка стана селектор во 2013 година и ги предводеше Полјаците до прво четврт-финале на Европското првенство во Франција во 2016 година, кога загубија на пенали од Португалија, но на Мундијалот не беа толку успешни.
И покрај тоа што имаа осум победи во 10 меча во квалификациите, тие беа елиминирани по два меча во Русија по поразите од Сенегал и Колумбија, пред да ги победат Јапонците со 1:0 во последниот меч.
„Жал ми е, но останувам оптимист за иднината на полскиот фудбал. Планот е остварен, и мислам дека направивме голем прогрес овие пет години. Одговорноста на крајот е моја“, вели 60-годишниот Навалка.
Фото: ЕПА