Кејлор Навас во текот на денот би можел да го официјализира својот трансфер во Пари Сен Жермен. Искусниот голман од Костарика решил по пет години да го напушти Реал откако го загуби местото во тимот од Тибо Куртоа.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Кејлор Навас нема да направи класичен трансфер туку Реал и ПСЖ ќе направат размена на голманите. Според „АС“ во Мадрид на местото на Навас ќе пристигне францускиот репрезентативец Алфонс Ареола.
Навас од Леванте пристигна во Реал во 2014 година и успеа со тимот да освои три трофеи во Лигата на шампионите, два во Супер купот на УЕФА, а има и четири трофеи од Светското првенство за клубови.