Top Sport

Навивачот на Евертон: Ако сум јас најлошата работа во фудбалот, што е со Кантона?

Навивачот на Евертон кој во рацете го држеше својот тригодишен син и се обиде да удри еден играч на Лион, во натпреварот од Лига Европа (1:2), проговори за инцидентот на „Гудисон“.

„Се срамам од она што го направив“, рекол навивачот, кој 12 часа по инцидентот доби доживотна забрана од Евертон за присуство на натпреварите на клубот.

Снимката на кој таткото кој го држи своето дете во рацете и се обидува да се пресмета со играчите на Лион го обиколи светот.

Тој сега стравува дека неговата поранешна сопруга би можела да му забрани да го гледа детето, а загрижен е и дека го барале од социјалната служба.

Навивачот наивно се обидува да ја оправда својата постапка тврдејќи дека се сите виновни за она што се случи.

„Фудбалерите би требало да бидат пример за сите, да се однесуваат како професионалци…Мавтајќи со рацете тие можеа да го повредат мојот син“, рекол навивачот.

Виноник споре него е и клубот Евертон.

„Пред да стигнам до фудбалерите минав низ отворена порта. Евертон треба да се грижи за безбедноста. Таа порта требаше да биде затворена“.

Сепак колку и да се обидува да ја намали вината тој е свесен што направил.

„Го доведов во опасност моето дете. Бев фокусиран на топката а потоа дозволив да загубам концентрација и да тргнам по другите навивачи“.

Она што најмногу го погодило се коментарите дека тоа што го направил „е најлошиот инцидент во фудбалот“.

„Така делува кога ќе се погледне снимката, но јас знам што се случи и што сакав да направам. Јас сум најлошата работа која се случила во фудбалот? Кантона излезе од теренот и со кунг фу удар нокаутира навивач. Тоа е најлошото што се случило во фудбалот“.

Scroll to Top